• сабота, 22 јуни 2024

Општина Карбинци одбележува 28 години постоење

Општина Карбинци одбележува 28 години постоење

Карбинци, 13 јуни 2024 (МИА) - Општина Карбинци денеска празнува 28 години од своето постоење, а воедно го чествува и празникот Спасовден. Во рамките на 28 годишниот јубилеј на општината денеска се одржа  свечена седница на Советот на Општиона Карбинци, турнири во борење и мал фудбал, а вечерва концерт има и групата „Некст тајм“. Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов истакна дека во изминатите 28 години општината има со што да се пофали во делот на инфраструктурниот развој.  

-Ако направиме кратка ретроспектива во изминатите 28 години има со што да се пофали, како и  во изминатите три години од кога  јас сум градоначалник. Но во оваа прилика и да најавиме градежна бура кога се во прашање инвестициите во Општина Карбинци, вели Паунов.

Тој како реализирани капитални проекти ги посочи изградба на ново училише во село Таринци, потоа изградба на локален пат или какошто вели тој булеварско решение меѓу селата Таринци и Долни Балван, а каде што  има и изградено  пешачка патека, која е  целосно осветлена.

-Општина Карбинци од ланскиот празник до сега навистина се истакна со многу големи капитални проекти. Село Таринци доби нова училишна зграда многу значајна за жителите, старата зграда повеќе од 50 години еве сега доби обнова, патниот правец село Таринци и долни Балван е целосно реконструиран со нова пешачка патека, неколку улици и спортски терени во општина Карбинци, додава Паунов. вдј/са/

Фото: МИА 

Остани поврзан