• четврток, 11 јули 2024

Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон колекторскиот систем Илинден-Марино

Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон колекторскиот систем Илинден-Марино

Скопје,11 јули 2024 (МИА) - Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон колекторскиот систем Илинден-Марино. На овој колекторски систем ќе бидат поврзани приближно 2500  домаќинства од населените места Илинден и Марино, со што  ќе се реши проблемот со одведувањето на фекалните отпадни води и значително ќе се подобри животната средина и квалитетот на живеење на жителите.

Од Општина Илинден информираат дека веќе интензивно работат  на  поврзување на домаќинствата кон Колекторскиот систем за фекална канализација во населените места Илинден и Марино, кој е во вкупна должина од  5000 метри. Деновиве во тек е приклучување на домаќинствата од населеното место Илинден, кон десниот крак од колекторот што ги опфаќа фекалните цевки кои се наоѓаат во профилот на отворениот одводен канал. 

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски направил увид на терен каде се работи на приклување на домаќинствата и притоа  истакнал дека интензивно  се работи на подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани, како и подобрување на инфраструктурата во Општината.

Додал   дека во дел од домаќинствата веќе се приклучени, а најавил дека ќе се продолжи со поврзување и на останатите домаќинства  кон колекторскиот систем, а  кои во наредниот период ќе бидат приклучени на пречистителна станица.ад/са/

Фото: Општина Илинден

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан