• недела, 22 декември 2024

Општина Велес ќе биде прва во земјава која ќе спроведе бесплатна онлајн обука за дислексија

Општина Велес ќе биде прва во земјава која ќе спроведе бесплатна онлајн обука за дислексија

Велес, 28 септември 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев денеска потпиша меморандум за соработка со Здружение за дислексија Ајнштајн од Скопје, преку кој за сите основни и средни училишта, за сите предучилишни установи, како и за сите заинтересирани граѓани од Општина Велес ќе се обезбеди бесплатна онлајн обука за дислексија.

Обуката, како што информираат од Општина Велес, ќе се спроведе преку веб платформа или мобилна апликација кои ќе бидат достапни наскоро.

 -Секое дете заслужува фер услови за образование, а наша е одговорноста да им ги обезбедиме. Зашто Велес е на сите нас, потенцираат од Општина Велес.

Инаку , дислексијата е состојба која предизвикува потешкотии во читањето и околу 10-15 отсто од децата во Северна Македонија се соочуваат со неа, а не ретко се и дискриминирани без да знаат зошто.

 Токму затоа, градоначалникот Колев денеска се обврза дека Општина Велес ќе биде првата општина во земјава  од која ќе започнат промените за подигање на свеста и едукација на наставниот кадар на оваа тема. ад/дма/

 

Остани поврзан