Општина Велес склучи меморандум за соработка со здружението „Донирај компјутер“
- Градоначалникот на Велес, Марко Колев денеска склучи меморандум за соработка со Борче Стаменов од движењето „Донирај компјутер“, со што Велес е првата општина која стана партнер соработник на
Велес, 31 март 2022 (МИА) - Градоначалникот на Велес, Марко Колев денеска склучи меморандум за соработка со Борче Стаменов од движењето „Донирај компјутер“, со што Велес е првата општина која стана партнер соработник на здружението и се вклучи со поддршка преку донирање компјутери и друга ИТ опрема која е расходувана со одлука на Советот.
-Се надеваме дека нашиот пример ќе биде почеток на голема промена која многумина ќе ја следат, потенцираа од Општина Велес.
Од здружението „Донирај компјутер“ појаснуваат дека секој што сака да се вклучи во поддршката може тоа да го направи преку страната на здружението.
-Она што за нас е малку, за некого е многу. Само заедно и сплотени може да придонесеме за многу насмевки и радосни моменти, за сите нас, порачаа од Здружението.
Tие веќе шест години собираат стари компјутери кои потоа ги донираат. Досега имаат донирано ИКТ опрема за над 1.400 семејства во земјава. ад/свс/