• недела, 12 мај 2024

Општина Велес поведе иницијатива за прибирање предлози за ноемвриски награди и признанија и наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2022

Општина Велес поведе иницијатива за прибирање предлози за ноемвриски награди и признанија и наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2022

Велес,12 октомви 2022(МИА) - Општина Велес поведе иницијатива за прибирање предлози за доделување на признанијата „9 Ноември“ и наградата за животно дело „Гемиџии“ за 2022 година.

Како што информира претседателката на комисијата Менка Андреева, признанијата „9 Ноември“ се доделуваат на поединци, органи, организации, граѓански организации и заедници чие дело и постигнати резултати се од значење за Општина Велес и нејзината афирмација во земјата и светот.

Таа појаснува дека неопходно е кандидатите за Деветтоноемвриски признанија делото за кое се предложени да го афирмирале во јавноста. Предложениот кандидат да е жител на Општина Велес или тематски неговото дело да е поврзано за Општина Велес.

Наградата за животно дело „Гемиџии“ се доделува на поединци за постигнати резултати во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа.

Предлози за доделување на Деветтоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ можат да поднесуваат Градоначалникот, Комисијата за општествени дејности, член на Советот на Општина Велес, органи, организации, политички партии, здруженија на граѓани и поединци.

Предлозите мора да бидат образложени.Тие се доставуваат до Совет на Општина Велес, со назнака за Комисија за општествени дејности на ул. „Панко Брашнар“ бр.1 Велес или лично најдоцна до 24 октомври 2022 година,информирата од Комисијата за општествени дејности. ад/свс

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан