• среда, 04 декември 2024

Општина Велес објави јавен повик за пријавување на учесници за Новогодишeн  хепенинг

Општина Велес објави јавен повик за пријавување на учесници за Новогодишeн  хепенинг

Велес, 3 декември 2024 (МИА) - Oпштина Велес денеска објави  јавен повик за избор на учесници во реализација на културни активности, Новогодишен хепенинг во пресрет на новогодишните празници, кој ќе се одржи од 25 до 30 декември 2024. Крајниот рок за доставување на апликациите е 10 декември 2024 (вторник).

Како што информираат од Општина Велес, право да аплицираат на јавниот повик имаат сите домашни физички лица и здруженија на граѓани кои работат во областа на културата, со достава на апликација електронски на е-маил адреса opve@veles.gov.mk или во архива на Општина Велес (работно време од 7:30 до 15:30ч.).

Изборот на настаните ќе го изврши Комисија за селекција и евалуација формирана од градоначалникот, задржувајќи го правото да направи распоред на настаните, врз основа на следните критериуми: претходно искуство во учество на настани од ист или сроден вид; квалитет, јасност, аргументираност и иновативност на предложените активности; детално наведена програма; целна група кон која се ориентирани, како и прифаќање на млади автори со ветувачки капацитети и нови визии кои навестуваат понагласен творечки потенцијал.

Комисијата има право заради збогатување на програмата да ангажира и  дополнителни изведувачи надвор од јавниот повик.

Подетални информации можат да се добијат на телефонскиот број 078/746-554. Апликацијата  за пријавување е на веб страната на Општина Велес. ад/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан