• четврток, 05 декември 2024

Во велешкото ОУ со ресурсен центар „Маца Ѓорѓиева Овчарова“ одржана 28.меѓународна  инклузивна ликовна работилница 

Во велешкото ОУ со ресурсен центар „Маца Ѓорѓиева Овчарова“ одржана 28.меѓународна  инклузивна ликовна работилница 

Велес, 4 ноември 2024 (МИА) - Во Основното училиште со ресурсен центар „Маца Ѓорѓиева Овчарова“ во Велес денеска се одржа традиционалната 28. меѓународна инклузивна ликовна работилница, на која учествуваа 22 ученика со своите професори и логипеди од 18 училишта со посебни потреби од домаќините од Велес, како и гости од основните училишта со ресурсен центар од Скопје, Кавадарци, Кочани и Битола.

На тема „Есенски пејсаж“ учениците заедно цртаа со своите другари од сите основни училишта од Велес,од Чашка и Извор. Онлајн учествуваа и деца од други држави,со што ликовната работилнива од пред некоја година прерасна и во меѓународна. Еден од покровителите на оваа ликовна работилница е Општинската  организација на Црвен крст Велес.

Како што информира за МИА, Спасе Перовски ликовен уметник и професор во ОУ со ресурсен центар „Маца Ѓорѓиева Овчарова“, годинашната тема на ликовната работилница е есенски пејсаж во техника гваж со темперни боички.

- Оваа традиционална ликовна  работилница има за цел преку ликовната уметност и заедничко цртање и боење  да направи инклузивен процес во образованието бидејќи во неа учествуваат и деца со посебни  потреби и деца од редовните училишта, информира Перовски.

Сите ликовни дела на учесниците по завршувањето на работилницата, биле разгледани од страна на жири комисија од професори ликовни уметници, по што биле прогласени најдобрите. 

Снежа Стојановска, директорката на Основното училиште со ресорсен центар „Маца Ѓорѓиева Овчарова“ за МИА информира  дека оваа традиционална ликовна работилница по повод меѓународниот Ден на лицата со попреченост,  има благородна мисија, а целта е да се пренесува од година во година и од генерација на генерација, за  заедничко запознавење и дружење на учениците од посебните училишта.  

-Целта е дружењето на учениците од сите категории,односно процесот на инклузија е застапен составен дел од самата ликовна работилница затоа што во неа се вклучени ученици со попреченост од сите училишта во земјава и од сите велешки основни училишта од градот и од општината.Преку оваа работилнива децата се запознават и заеднички се дружат, а тоа пријателство останува и понатаму.Воедно оваа работилница е место учениците и наставниците да договорат и свои следни активности и дружења, потенцира Стојановска.

Орце Николов, секретар на Општинската организација на Црвен крст, информира дека ова училиште им донирале еден печатач во боја, 20 брендирани престилки за работа во ликовната работилница со логото на Црвен крст и на училиштето, нагледни материјали кои ќе се користат во наставниот процес, а остатокот од средствата ги искористиле за набавка на материјали за денешната ликовна работилница. ад/цр

Фото: МИА 

Остани поврзан