• петок, 22 ноември 2024

Од утре двонасочен соообраќај по целата должина на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид

Од утре двонасочен соообраќај по целата должина на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид

Oхрид, 18 септември 2023 (МИА) – Сообраќајот на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид од утре ќе се одвива со изменет режим, односно двоначосно по целата должина на сообраќајницата.

Според новиот сообраќаен режим усогласен со надлежните служби во локалната самоуправа, предвидено е дислоцирање на такси-постојката кај главната пошта на простор на улицата „Партизанска“, a локацијата да биде пренаменета во паркинг-простор. Воедно, делот од коловозот пред досегашната такси-постојка на булеварот „Македонски просветители“, од пресекот со улицата „Партизанска“ до пресекот со улицата „Димитар Влахов“, ќе биде отворен за сообраќај во правец од рампата кон булеварот „Туристичка“ со што од утре сообраќајот по целата должина на булеварот „Македонски просветители“ ќе се одвива двонасочно.

Од полицијaта апелираат на придржување кон измените, а униформирани службеници во текот на утрешниот ден ќе стојат на делот од булеварот каде ќе има измени во сообраќајот за да ги информираат учесниците во сообрачајот за новиот сообраќаен режим.

Од пред неколку дена повторно е на сила и режимот за слободно преминување на паркиралиштето кај Градското пристаниште од и кон Стариот дел на Охрид за граѓаните кои имаат картички за влез со возила во тој дел од градот. Од јуни поради зголемен проток на пешаци во централниот дел на Охрид на сила беше забраната за поминување со возила низ паркиралиштето секоја вечер од 20 до 5 часот. аб/дма/

фото: МИА

 

Остани поврзан