• недела, 28 април 2024

Објавен повик за донирање на мобилната библиотека „РЕАД на тркала“ (READ on Wheels)

Објавен повик за донирање на мобилната библиотека „РЕАД на тркала“ (READ on Wheels)

Скопје, 29 март 2024 (МИА) - Регионалниот проект „Регионална мрежа за културна разновидност“ - (РЕАД) финансиран од ЕУ, објави повик за донирање на мобилната библиотека „РЕАД на тркала“ (READ on Wheels) на граѓанска организација која делува во областа културата во Северна Македонија, Србија, Косово, Албанија или Турција.

Една од целите на проектот е да им овозможи пристап до книги и културни активности на младите од помали и тешко достапни места. Оваа цел беше постигната преку мобилната билиотека „РЕАД на тркала“, која во изминатите три години патуваше низ Северна Македонија, Албанија, Србија, Косово и Турција. Земајќи предвид дека проектот „РЕАД“ набрзо ќе биде затворен, мобилната библиотека ќе се донира на граѓанска организација од петте наведени земји, која е мотивирана и има капацитет да ја продолжи досегашната успешна работа со библиотеката.

Мобилната библиотека е сместена во комбе, ФИАТ Дукато, 2020 година, чија внатрешност е организирана со полици за книги, подвижен мебел и содржи модерна техничка опрема (ЛЦД монитор, систем за озвучување, паметни таблети, подвижни маси, видео проектотр и др.). Целата опрема се користи да се постави библиотека на отворено за различни активности со корисниците.

Повикот за граѓанските организации е отворен до 08.04.2024, а сите информации за начинот на аплицирање можете да ги најдете на следниот линк: https://bit.ly/3PGXwWT

Фото: принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан