• петок, 22 ноември 2024

Апасиев од Штип: На парламентарните избори очекуваме од осум до дванаесет пратеници

Апасиев од Штип: На парламентарните избори очекуваме од осум до дванаесет пратеници

Штип, 28 април 2024 (МИА) - Целта на Левица на овие избори да го „кутне“ ВМРО - ДПМНЕ под 50 пратеници, а СДСМ под 20 и конечно да ја пасивизираме СДСМ, изјави вечерва пред собирот со граѓани во Штип, претседателот на Левица, Димитар Апасиев. Тој посочи дека целта им е и да освојат од осум до дванаесет пратеници, а како што рече, тоа се прогнозите и реалните очекувања на Левица.

-Она што го направивме на претседателските избори е очекуван резултат, како за првпат учествуваме и поддржавме независен кандидат, кој ни беше идеолошки близок. Но, на парламентарните почнуваме од нула и очекуваме солиден резултат, со којшто ќе овозможиме моќта на уценување конечно од албанските необалистички партии, да премине конечно во македонскиот блок и ние да бидеме оние коишто ќе го држат курсот на македонизмот, наспроти сите антимакедонски сили, коишто сакаат да внесуваат и Бугари во Устав, коишто сакаат да воведуваат дводомни Парламенти и да менуваат Устав, со којшто ќе се брише 20 проценти и ќе влегува друг официјален јазик, рече Апасиев.

Носителот на листата за пратеници на Левица во ИЕ 3, Борислав Крмов истакна дека денеска пред штипјани ја претставуваат Програмата на Левица. Како што вели Крмов нивната Програма е единствено различна од сите останати, бидејќи се однесува на обичниот човек.

- Можете да ги видите другите партии, како разговараат со некои Здруженија на бизнисмени, какви субвенции ќе им даваат, само нашата партија се обидува да го издигне обичниот човек одоздола, вели Крмов.

Тој истакна дека приватизацијата и водење на бизнис политика, доведе до иселување на населението од градовите. Крмов истакна дека во Програмата предвидуваат централна Планска агенција која ќе ги развива регионите рамномерно. вдј/ев/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан