• недела, 22 декември 2024

Дипломатскиот клуб од Скопје го одбележа Денот на македонската дипломатија

Дипломатскиот клуб од Скопје го одбележа Денот на македонската дипломатија

Скопје, 28 април 2024 (МИА) - Дипломатскиот клуб од Скопје денеска го одбележа Денот на македонската дипломатија и на Министерството за надворешни работи. По тој повод членови на Клубот присуствуваа на садење дрво пред зградата на МНР, а потоа го посетија Меморијалниот музеј на АСНОМ во Пелинце.

Македонската дипломатија своите почетоци ги има во Бирото за односи со странство формирано во 1969 година.

Република Македонија имаше свои дипломати кои работеа во југословенската дипломатија во Белград и во странство, како и во републичкиот орган за односи со странство. Во 1991 година овој орган прерасна во Министерство за надворешни работи.

Дипломатскиот клуб е невладина професионална организација која има све списание Дипломатски летопис и свој сајт. Членовите на ова здружение на соосветен начин го пренесуваат своето знаење на младите дипломати. Повремено тие подготвуваат и документи и друг вид текстови во кој го кажуваат своето мислење за одделни настани и случаи од надворешната политика. ев/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан