• петок, 22 ноември 2024

Објавени годинашните доделувачи на „Оскарите“

Објавени годинашните доделувачи на „Оскарите“

Лос Анџелес, 1 март 2024 (МИА) - Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Зендеја, Мишел Фајфер, Бед Бани, како и оскаровците Николас Кејџ и Ал Пачино се меѓу новообјавените доделувачи на овогодишните „Оскари“.

Претставени се и минатогодишните четворица победници во категориите за глума - Брендан Фрејзер од „Кит“, како и Мишел Јео, Ке Хју Куан и Џејми Ли Кертис од победникот за најдобар филм „Сè насекаде одеднаш“. Оскаровците Махершала Али, Џесика Ланг, Метју Меконахи, Лупита Њонго и Сем Роквел, исто така, треба да излезат на сцената.

Меѓу познатите кои ќе ги најават победниците на 96-тото доделување на „Оскарите“, се и Мајкл Китон, Реџина Кинг, Џенифер Лоренс, Кејт Мекинон, Рита Морено, Џон Мулени, Кетрин О'Хара, Октавија Спенсер и Реми Јусеф.

Свеченоста ќе се одржи во „Долби театарот“ во Лос Анџелес, ноќта меѓу 10. и 11 март (недела кон понеделник).

Раџ Капур ја има улогата на извршен продуцент и одговорен за текот на емисијата, заедно со другите продуценти Моли Мекнирни и Кети Мулан. Комичарот Џими Кимел се враќа како домаќин, т.е. водител.

Околу наградите, оваа година филмот „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан води со 13 номинации, па следат „Бедните“ на Јоргос Лантимос со 11, и „Убијци на цветната месечина“ на Мартин Скорсезе со 10 можности за признание. Заокружувањето на одбраните 10 филма го прават „Американска фикција“, „Анатомија на падот“, „Барби“, „Додржувачи“, „Маестро“, „Минатите животи“ и „Зона на интерес“.  си/рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан