• петок, 05 јули 2024

Ноер се повреди во Суперкупот на Германија и може да го пропушти натпреварот против Келн

Ноер се повреди во Суперкупот на Германија и може да го пропушти натпреварот против Келн
Минхен, 20 август 2021 (МИА) - Голманот на Баерн, Мануел Ноер се повреди минатата недела за време на натпреварот од Суперкупот на Германија против Борусија Дортмунд (3:1). На голманот му е дијагностицирана повреда на скочниот зглоб на десната нога. Тој денеска не учествуваше на тренинзите на тимот. Според „ Bulinews“, учеството на 35-годишниот Германец на натпреварот од германското првенство против Келн, закажан за 22 август, е неизвесно. Ноер одигра 33 натпревари во Бундеслигата минатата сезона. зс/

Остани поврзан