• петок, 05 јули 2024

Ноер за натпреварот против Барселона: Овој меч е вистинска бомба за првото коло во ЛШ

Ноер за натпреварот против Барселона: Овој меч е вистинска бомба за првото коло во ЛШ
Барселона, 14 септември 2021 (МИА) - Голманот на Баерн, Мануел Ноер го нарече „бомба“ натпреварот со Барселона во првото коло од Лигата на шампионите. Тој се потсети и на средбата од четвртфиналето 2019/20, кое заврши со резултат 8:2. - Никогаш нема да го заборавиме дуелот во 2020 година, но сега имаме два нови натпревари од групната фаза и очекуваме големи борби. Таквиот меч е вистинска бомба за првото коло и едвај чекаме да ја започнеме борбата на овој турнир, изјави Нојер за  официјалната веб-страница на УЕФА. Натпреварот Барселона – Баерн ќе се одржи вечер во Шпанија со почеток во 21 часот. Покрај овие две екипи, во Е-групата од елитното фудбалско натпреварување се и Бенфика и Динамо Киев. зс/

Остани поврзан