• понеделник, 23 декември 2024

Нов хотел за љубовни двојки во Хургада, опкружен со живописни пејзажи

Нов хотел за љубовни двојки во Хургада, опкружен со живописни пејзажи

Хургада, 15 април 2024 (МИА) - Хургада важи за бисер на египетскиот брег на Црвеното Море, коешто туристите го нарекуваат „морето на седум бои“... Градот има околу 150.000 жители, но и 10.000 странци кои се занимаваат претежно со туризам.

Црвеното Море е мамка и за посетителите кои се занимаваат со професионално и аматерско нуркање. Идеалната местоположба на градот, пак, нуди можност за разни излети и прошетки.

Инаку, отворен во септември 2022 година, хотелот „Пикалбатрос“ е наменет само за гости со над 16 години. Нуди 318 соби, голем избор рекраетивни и спортски занимливости и неколку кафулиња и ресторани за гостите. Се нудат соби со тераса, клима-уред, сателитска ЛЦД-ТВ, минибар, Ви-фи интернет, а во посебните пакети има и собна услуга, телефон и сл. Хотелот е, се вели, идеално одморалиште за љубовни и брачни двојки.  си/

Фото: Википедија

Остани поврзан