• петок, 09 август 2024

Ново детско катче во Башино Село во близина на Велес

Ново детско катче во Башино Село во близина на Велес

Велес, 9 август 2024 (МИА) - Општина Велес ја заврши изградбата на детското игралиште во Башино Село, кое се наоѓа во непосредна близина на Велес. Ова катче е опремено со современа мека подлога и забавни елементи за целосно уживање и рекреација на најмалите, информира градоначалникот Марко Колев.

Воедно поставени се и клупи за седење.

- Најдоброто за најмалите - продолжуваме посветено и ќе направиме и други детски игралишта во Велес и населените места во општината, најави Колев.ад/са/

 Фото: Општина Велес

Остани поврзан