• вторник, 06 август 2024

Нова фонтана на мини плоштадот во село Драчево

Нова фонтана на мини плоштадот во село Драчево

Скопје, 5 август 2024 (МИА) - Нова фонтана го краси центарот на селото Драчево. Има форма на крст, осветлена е, а околу неа е извршена целосна обнова на зеленилото и хортикултурно уредување. Тука ќе биде поставена  нова урбана опрема и детско катче, со што овој простор ќе биде пријатно место за релаксација и дружење, информираат од Општина Кисела Вода.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски појасни  дека новота фонтана во село Драчево наменета за одмор и релаксација во селото Драчево  е во насока на   досегашните и идни  заложби на општината  за естетско уредување на јавните површини и создавање на функционални средини за сите жители.

- Изградивме фонтана која дава нов лик на просторот и овозможува свежина во овие топли летни денови. Дополнително новото детско катче кое ќе го изградиме тука со урбана опрема, ќе биде место каде децата ќе можат безбедно да си играат, придружувани од нивните родители, баби и дедовци. Продолжуваме со посветена работа и проекти кои секојдневно го унапредуваат квалитетот на живот на сите наши жители, најави градоначалникот Ѓорѓиевски.ад/са/

Фото: Општина Кисела Вода

Остани поврзан