• петок, 22 ноември 2024

Нова водоводна линија на дел од Марино и месноста Јака во општина Илинден

Нова водоводна линија на дел од Марино и месноста Јака во општина Илинден
Скопје, 29 септември 2022 (МИА) - Екипи на ЈКП ,,Водовод” денеска започнаа со активности за поставување на цевковод со дијаметар Ø220 во должина од 400 метри, со кој ќе биде направено поврзување на водоводната мрежа во дел од населеното место Марино и месноста Јака со примарната водоводна линија. Увид во градежните работи денеска направија градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Водовод”-Илинден, Ивица Трипуновски. Градоначалникот Георгиевски истакна дека со поставување на овој цевковод ќе се обезбеди доволно количество вода за корисниците во Марино и Јака, при што ќе биде решен долгогодишниот проблем со водоснабдувањето и недоволниот притисок. Обезбедувањето на квалитетна вода за пиење е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа, така што локалната самопуправа во соработка со ЈКП „Водовод” и во наредниот ќе продолжи со модернизација и подобрување на водоводниот систем, велат од Општина Илинден./

Остани поврзан