Николоски: Автопатот Прилеп–Битола се гради со силна динамика, готов до 2028 година
- Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.
Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Автопатот Прилеп - Битола се гради со силна динамика и до 2028 година ќе го изградиме, напиша вицепремиерот Николоски на својот фејсбук профил и објави видео од изградбата.
- Силен прогрес во изградбата на автопатот Прилеп - Битола. Продолжуваме по планот, автопат од Прилеп до Битола до 2028 година. Македонија се гради со силно темпо! Ја градиме Македонија, напиша вицепремиерот Николоски. дма/