• понеделник, 25 ноември 2024

Николова: Изборот пред секоја партија и пратеник е интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција

Николова: Изборот пред секоја партија и пратеник е интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција

Скопје, 3 јуни 2023

Пред државата и пред сите граѓани е исправена историска шанса да го продолжиме европскиот пат, да оствариме уште еден национален интерес.

Имаме силна поддршка од ЕУ и од САД којашто треба да ја искористиме. Преговорите со ЕУ течат, скрининг процесот се спроведува успешно и наскоро ќе заврши.

Со глас за Европа во македонското Собрание можеме да продолжиме напред кон полноправно членство во ЕУ. Сега зависи од сите нас.

Изборот пред секоја партија, пред секој пратеник е интеграција во ЕУ или изолација. Нема друга опција.

Интеграција во ЕУ за подобар животен стандард, сигурна иднина, засилен економски раст и развој на секое поле.

Затоа и граѓаните сакаат да бидат дел од ЕУ.

Пратениците, политичките партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска и одговорност пред граѓаните и пред иднината на државата.

Европскиот предлог за преговарачката рамка е најдобриот договор со ЕУ, подобар договор нема да има. 

Тоа не е ултиматум тоа е реалност. И тоа го кажуваат сите наши стратешки партнери. 

ВМРО-ДПМНЕ не може да обезбеди подобар договор, тоа е лага, токму тие ја држеа земјата 11 години во изолација. 

А видоа грѓаните што значи изолација од 2006 до 2016 година, заробена држава, без напредок и без перспектива.

Грешките кои 11 години се таложеа скапо ја чинеа и земјата и граѓаните.

Нашите граѓани, нашите млади немаат нови 11 години за губење.

Христијан Мицкоски се уште има можност да реши: дали ќе ја поддржи македонската иднина во ЕУ или ќе остане во заложништво на Левица.

Веќе следната недела ќе знаеме, дали Мицкоски ќе биде дел од блокот на ЕУ или остаува во анти европскиот блок со Левица.

Прашање: Мицкоски смета дека лидерската треба да биде тет-а-тет, ваш коментар?

Одговор: Мицкоски е поканет на сериозна средба, многу важна за иднината на државата. Тоа не се приватни средби и ние не сакаме да се мешаме во внатрепартиските односи во ВМРО-ДПМНЕ доколку Мицкоски нема доверба во сопственото раководство. Оставаме на Мицкоски да избере дали ќе дојде сам или со некој од раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

П: Мицкоски рече дека е за Влада со широко национално единство, кој е вашиот став за ова?

Национално единство не се прави со блокади на државата ниту со поделба по етничка или по каква било основа. СДСМ секогаш е на страната на дражвниот и национален интерес и сите одлуки коишто ги донела се државнички одлуки. Еве шанса Мицкоски да покаже дека навистина е за единство, нека ги поддржи одлуките за продолжување на европскиот пат. Ако погледнеме наназад ВМРО-ДПМНЕ имала многу шанси па не поддржала ниту една важна одлука за државата: беа против Преспанскиот договор, членството во НАТО, членството во Обединетите нации, Рамковниот договор, против Европскиот предлог...има безброј примери. Еве сега Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ нека покажат дека се за државните и национални интереси, нека покажат дека се единство со поддршка за европскиот пат на државата.

Прес-конференција, Даниела Николова, пратеничка на СДСМ

_______________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан