• понеделник, 23 декември 2024

Нивото на Охридското Езеро пет сантиметри над просекот за декември

Нивото на Охридското Езеро пет сантиметри над просекот за декември

Охрид, 25 декември 2023 (МИА) – Последните интензивни врнежи во регионот го зголемија водотоците и го подобрија водостојот на Охридското Езеро, така што моментално нивото на водата во езерото е на пет сантиметри над просекот за овој период од годината.

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на езерото се наоѓа на котата 693,37 метри надморска височина, што е  пет сантиметри над просекот за декември (693,32 мнв) и 27 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10мнв).

Од почетокот на месецов езерското ниво порасна за четири сантиметри. Температурата на водата е 9 степени и е за речиси 4 степени пониска од декемврискиот просек.

Инаку, времето е сончево, а периодот во карактеризираат температури на воздухот далеку над просекот за овој период од годината. аб/са/

фото/МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан