• сабота, 27 април 2024

Нетанјаху: Хамас поставува „неразумни барања“ во индиректните преговори за примирје

Нетанјаху: Хамас поставува „неразумни барања“ во индиректните преговори за примирје

Еруслаим, 26 март 2024 (МИА) - Израелските власти оценуваат дека Хамас поставува „бесмислени барања“ во индиректните преговори за примирје во Појасот Газа и додаваат дека нема да отстапат од тој план.

„Безумните барања на Хамас водат до заклучок дека палестинските милитанти не се ни заинтересирани за договор“, се наведува во денешното соопштение од кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Во преговорите, кои се водат со посредство на Катар и Египет, Хамас побара прекинот на огнот да биде увертира за крајот на војната и повлекување на израелските сили од Појасот Газа, пренесуваат британските медиуми.

Во соопштението од кабинетот на Нетанјаху се наведува дека Израел ја исклучува таквата можност, бидејќи одлучил да го уништи Хамас, а се додава дека ќе продолжат напорите за демонтира на оваа палестинска милитантна организација. сд/

фото:Миа архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан