• четврток, 19 декември 2024

Украина со дронови нападна две нафтени рафинерии и воен аеродром во рускиот регион Краснодарски Крај

Украина со дронови нападна две нафтени рафинерии и воен аеродром во рускиот регион Краснодарски Крај

Киев, 27 април 2024 (МИА) - Украина рано утрово со беспилотни летала нападна две нафтени рафинерии и воен аеродром во рускиот регион Краснодарски Крај, објавија западни медиуми, повикувајќи се на украински разузнавачки  служби.

Нападот, наводно, го извршила Службата за безбедност на Украина (ССУ).

Руската нафтена рафинерија Славјанск делумно ја прекина работата откако беше оштетена во напад на украински беспилотни летала. Според директорот за безбедност при Slavyansk ECO Group, голем пожар избувна во рафинеријата во регионот Краснодарски Крај, откако беше погодена со 10 украински дронови, пренесува Скај Њуз. ссм/

фото: архива

Остани поврзан