Некои од сосем „најнеочекуваните“ прашања на разговор за работа
- Некои се и побизарни отколку што би се очекувало. Се разбира, тука е важно да се издвоите од другите, претставувајќи се себеси во најдобро светло. Сосема е нормално човекот да се чувствува нервозни.
Лос Анџелес, 7 јули 2023 (МИА) - Интервјуата за работа дури и најсигурните и најсамоуверените луѓе ги прават нервозни. A, честопати, работодавачот ќе постави сосем „неочекувано“ прашање за коешто кандидатот обично и не може да сфати каква врска има со работата... И тоа, велат стручњаците, е сосем очекувано, всушност.
Менторската платформа „Пушфар“ (PushFar) направи анкета меѓу корисниците на „Редит“ и состави листа од најчудните прашања што им биле поставени на разговор за работа, па некои се и побизарни отколку што би се очекувало. Се разбира, тука е важно да се издвоите од другите, претставувајќи се себеси во најдобро светло. Сосема е нормално човекот да се чувствува нервозен.
Следат 15 од најчудните прашања поставени на интервју.
1. „Ако Вие бевте овошје или зеленчук, што ќе бевте и зошто?“
2. „Како се справувате со глупави луѓе?“
3. „Дали верувате во вонземјани?“
4. „Ако може да бидете некој од оригиналните 150 'Покемони', кој би го избрале?“
5. „Кога Вие би можеле да бидете дел од среќниот оброк на 'Мекдоналдс', кој дел би бил тоа и зошто?“
6. „Како ја решивте последната расправија со колега од работа?“
7. „Кога би можеле да бидете каков било кујнски прибор, што би биле?“
8. „Што би рекол Вашиот непријател за Вас?“
9. „Кога Вие би можеле да бидете куче, каква раса би биле?“
10. „Кое е Вашето внатрешно животно?“
11. „Кажете ми еден добар виц“.
12. „Да бевте дрво, каков вид дрво ќе бевте?“
13. „Каква е Вашата оцена на 'Убер'?“
14. „Дали ја сакате оваа работа или Ви треба оваа работа?“
15. „Убеди ме да го гледам твојот омилен филм“. си/сд/
Фото: Пиксабеј.