• вторник, 01 октомври 2024

Неготино со јавен повик за предлози за добитници на општинска награда и признанија 

Неготино со јавен повик за предлози за добитници на општинска награда и признанија 

Неготино, 1 октомври 2024 (МИА) - Локална самоуправа Неготино денеска објави јавен повик за поднесување предлози за добитници на општински награда и признанија по повод 8 Ноември, ден на ослободување на градот и празник во општината. 

- Предлозите со задолжително писмено образложение можат да се доставуваат до архивата на Општина Неготино во периодот до 21 октомври. Наградата и признанијата се доделуваат на поединци, претпријатија, установи, здруженија на граѓани и други организации чии дела и резултати во работењето и дејствувањето придонеле за нивна лична и афирмација на општина Неготино, се вели во јавниот повик. 

Право на поднесување предлози за добитници на наградата и признанијата имаат заинтересирани граѓани, претпријатија, установи, здруженија на граѓани, месни заедници, група граѓани и други. свд/дма/


Фото : МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан