• среда, 08 мај 2024

НБА: ЛА Лејкерс избегна „метла“

НБА: ЛА Лејкерс избегна „метла“

 

Лос Анџелес, 28 април 20204 (МИА) – Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го совлада синоќа Денвер Нагетс со 119-108 во конференциското четвртфинале на Западната конференција во НБА лигата и ја забележа првата победа во серијата во која Денвер сега води со 3-1.

Лејкерси до воведниот триумф ги предводеше првата ѕвезда Леброн Џејмс со 30 поени. Ентони Дејвис придонесе со 25 поени, а Остин Ривс и Д’Анџело Расел додадоа по 21 поени.

На спротивната страна, Никола Јокиќ го заврши натпреварот со трипл дабл (33 поени, 14 асистенции и 14 скокови).

Лејкерси го победија Денвер за прв пат во последните 12 натпревари од декември 2022 година, но им претстои тешка задача на петтиот натпревар кој ќе се игра во Денвер. Ниту еден тим во историјата на плејофот на НБА не успеал да се врати во серијата до четири победи по негатива од 0-3.

„Сè уште заостануваме 1-3. Денеска ја завршивме работата и ја продолживме нашата серија, но мораме да бидеме уште подобри“, изјави Џејмс. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан