На првата дама на Сирија, Асма ал Асад и е дијагностицирана леукемија, соопшти претседателскиот кабинет
- На првата дама на Сирија, Асма ал Асад, и е дијагностицирана леукемија, соопшти денеска кабинетот на сирискиот претседател. Дијагнозата доаѓа речиси пет години откако таа пријавила целосно закрепнување од рак на дојка.
![На првата дама на Сирија, Асма ал Асад и е дијагностицирана леукемија, соопшти претседателскиот кабинет](https://new.mia.mk/images/20240521124539_big_730x400_78.webp )
Дамаск, 21 мај 2024 (МИА) - На првата дама на Сирија, Асма ал Асад, и е дијагностицирана леукемија, соопшти денеска кабинетот на сирискиот претседател. Дијагнозата доаѓа речиси пет години откако таа пријавила целосно закрепнување од рак на дојка.
Во соопштението се вели дека Асма (48) е подложена на специјална процедура за третман што бара таа да остане во изолација, поради што нејзините јавни ангажмани ќе сe откажани.
Во август 2019 година, Асма ал-Асад објави дека целосно закрепнала од рак на дојка, кој и бил дијагностициран претходно. рп/
Фото: МИА архива