На крајот на август прво издание на Охридскиот џез-фестивал
- Општина Охрид со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации на крајот на август ќе го организира првиот Охридски џез-фестивал.
Охрид, 24 август 2023 (МИА) - Општина Охрид со цел збогатување на туристичката понуда со квалитетни настани и манифестации на крајот на август ќе го организира првиот Охридски џез-фестивал.
Фестивалот е предвидено да се одржи на 31 август и 1 септември, со настапи на Горан Папаз и Ансамбл „Билјана“ и гостите Танче Гроздановски и Ратко Даутовски, како и концерт на Џон И. Апелгрен квартетот.
Најавените содржини на Охридскиот џез-фестивал ќе се одржуваат во предворјето на црквата „Света Софија“, со почеток во 20:30 часот, пишува во својата објава на фејсбук градоначалникот Кирил Пецаков. аб/са/
Фото: плакат