На грчкиот остров Крит приведени 14 лица за незаконски земјоделски субвенции од ЕУ
- Најмалку 14 лица се приведени на островот Крит под сомнение дека незаконски добиле субвенции од грчката Агенција за управување со субвенциите од ЕУ (ОПЕКЕПЕ), јави дописничката на МИА од Атина.
Атина, 12 декември 2025 (МИА) – Најмалку 14 лица се приведени на островот Крит под сомнение дека незаконски добиле субвенции од грчката Агенција за управување со субвенциите од ЕУ (ОПЕКЕПЕ), јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е акција во различни делови на островот Крит со цел разбивање на криминална организација која се занимавала со тешки измами на штета на финансиските интереси на Европската унија, како и на националната економија на Грција, преку незаконско добивање субвенции од ОПЕКЕПЕ со лажни пријави.
Полициската акција е во тек, а според грчките медиуми, приведени се главните членови на организацијата, во кој а учествувале 42 лица, а меѓу приведените се сметководители, еден адвокат и земјоделци, како и еден земјоделски синдикалист, претседател на земјоделска задруга, кој се смета дека имал раководна функција во криминалната организација.
По завршувањето на операцијата се очекуваат дополнителни детали.
На крајот на октомври за скандалот со европските земјоделски субвенции, уапсен беа 37 лица во различни делови на Грција. ср/ми/
Фото: Архива МИА