Иран најави комеморација за ајатолахот Хамнеи 40 дена по неговото убиство
- Според прес-службата на исламските власти, масовното присуство на граѓаните на церемонијата в четврток ќе претставува „знак на лојалност кон Исламската револуција и почит кон убиениот лидер“.
Техеран, 8 април 2026 (МИА) - Иран најави голема комеморација во Техеран по повод 40 дена од убиството на врховниот лидер ајатолах Али Хамнеи.
Според прес-службата на исламските власти, масовното присуство на граѓаните на церемонијата в четврток ќе претставува „знак на лојалност кон Исламската револуција и почит кон убиениот лидер“.
Слична комеморација е планирана и за среда во шиитскиот свет град Ком, јужно од Техеран.
Хамнеи беше убиен на 28 февруари во американско-израелски воздушни напади врз неговата резиденција во главниот град.
Во меѓувреме, САД и Иран во текот на ноќта објавија договор за прекин на огнот по повеќе од пет недели војна. ссм/
фото: архива