На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 45 минути
- Авто-мото Сојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Табановце“ и ГП „Богородица“ за влез во државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 45 минути.
![На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 45 минути](https://new.mia.mk/images/20230718192308_big_730x400_85.webp )
Скопје, 18 јули 2023 (МИА) - Авто-мото Сојузот на Македонија информира дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Табановце“ и ГП „Богородица“ за влез во државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 45 минути.
Од АМСМ соопштуваат дека на останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.фф/са/
Фото: МИА Архива