• вторник, 05 ноември 2024

На автопатот Тетово - Скопје удрена и усмртена мечка

На автопатот Тетово - Скопје удрена и усмртена мечка
Тетово, 27 март 2023 (МИА) - Тетовската полиција информира дека 21-годишен возач со својот автомобил удрил и усмртил мечка и притоа е повреден.
 
Во СВР Тетово настанот е пријавен 40-тина минути по полноќ, а се случил на автопатот Тетово - Скопје. 
 
-Пријавено е дека на автопатот Тетово-Скопје, во близина на Карпалак, патничко возило „фолксфаген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот В.И. од Седларци, општина Василево, удрило и усмртило мечка. Во несреќата возачот се здобил повреди и бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. 
 
На местото увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. ас/мч/
 
фто: МИА архива

Остани поврзан