• вторник, 25 јуни 2024

Најмалку 24 лица го загубија животот во поплавите и свлечиштата на Брегот на Слоновата Коска

Најмалку 24 лица го загубија животот во поплавите и свлечиштата на Брегот на Слоновата Коска

Абиџан, 25 јуни 2024 (МИА) - Најмалку 24 лица го загубија животот во поплавите и свлечиштата во најголемиот град на Брегот на Слоновата Коска, Абиџан, по една недела рекордни врнежи, соопштија денеска властите.

Властите изјавија дека количината на врнежи е четири пати поголема од вообичаеното во некои области.

Поплавите и свлечиштата, исто така, предизвикаа голема штета на куќите и патиштата во градот, соопшти Националната канцеларија за цивилна заштита на Брегот на Слоновата Коска. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан