• четврток, 12 септември 2024

Најмалку 143 лица настрадаа, а 58 се водат за исчезнати по налетот на тајфунот Јаги во Виетнам (ДПЛ)

Најмалку 143 лица настрадаа, а 58 се водат за исчезнати по налетот на тајфунот Јаги во Виетнам (ДПЛ)

Ханој, 11 септември 2024 (МИА) – Во налетите на тајфунот Јаги во Виетнам загинаа 143 лица, а 58 се водат за исчезнати , соопштија денеска локалните власти. 

Обилните дождови предизвикаа големи разурнувања во неколку региони во Виетнам, уништувајќи куќи и оштетувајќи ја инфраструктурата, пренесуваат виетнамските медиуми.

Властите вчера започнаа кампања за собирање донации за погодените, а непосредно по покренувањето на иницијативата беа собрани речиси 17 милиони долари. 

Виетнамската влада одвои 200 тони ориз од националните резерви и дополнителни средства за 14 погодени провинции за да му помогне на локалното население додека работи на поправка на штетите, спроведување операции за пребарување и спасување и обновување на основните услуги. 

Тајфунот Јаги е најсилната тропска бура во Азија оваа година со забележани максимални ветрови од 245 километри на час. Од него на Филипините загина најмалку 16 лица и две во Кина. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан