• четврток, 12 септември 2024

Генерал Ли: Пекинг ќе преземе конкретни мерки доколку САД разместат ракети во Азија

Генерал Ли: Пекинг ќе преземе конкретни мерки доколку САД разместат ракети во Азија

Пекинг, 12 септември 2024 (МИА) - Пекинг ќе преземе активни мерки за да го спречи распоредувањето на американски ракети со среден дострел во азиско-пацифичкиот регион, изјави генерал-полковникот на кинеската Народноослободителната војска, Хе Ли, на маргините на безбедносниот форум Ксианшан во Пекинг.

-Ракетите со среден дострел распоредени од САД претставуваат закана за безбедноста на земјите во азиско-пацифичкиот регион, рече генералот. 

„Ние сме силно против оваа акција на САД и ќе преземеме силни мерки да го спречиме тоа“, додаде тој.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан