• понеделник, 14 октомври 2024

САД воведоа санкции за 16 сојузници на Мадуро поради попречување на претседателските избори

САД воведоа санкции за 16 сојузници на Мадуро поради попречување на претседателските избори

Вашингтон, 12 септември 2024 (МИА) – Администрацијата на САД денеска воведе санкции против 16 сојузници на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, поради попречување на гласањето и кршењето на човековите права.

Помеѓу санкционираните има и судии, шефови на безбедносните сили и обвинители.

Американските санкции уследија неколку дена откако поранешниот дипломат и опозиционер Едмунд Гонзалез, кој тврдеше дела победил на претседателските избори на 28 јули, замина во егзил.

Изборната комисија на Венецуела го прогласи Мадуро за победник на изборите неколку часа по затворањето на гласачките места, но не ги објави конечните резултати. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан