Најмалку три лица загинаа во руски напад со дронови врз Павлоград
- Најмалку три лица, меѓу кои и 15-годишно девојче, загинаа во руски напад со дронови врз југоисточниот украински град Павлоград, соопштија денеска украинските власти.
Киев, 25 април 2025 (МИА) - Најмалку три лица, меѓу кои и 15-годишно девојче, загинаа во руски напад со дронови врз југоисточниот украински град Павлоград, соопштија денеска украинските власти.
Уште 14 лица, меѓу кои и три деца, се повредени, напиша регионалниот воен гувернер Серхиј Лисак на Телеграм.
Иако Москва изјавува дека е отворена за мировен договор, нападите врз Украина продолжуваат со несмалено темпо, вклучително и врз цивилни цели. Само ден претходно, во масивен напад врз Киев загинаа 12 лица, а 90 беа повредени. ссм/
фото: архива/илустрација