• петок, 22 ноември 2024

Најавена програмата на Второто издание на промотивно-спортската манифестација „Ohrid Water Festival“

Најавена програмата на Второто издание на промотивно-спортската манифестација „Ohrid Water Festival“

Охрид, 24 јули 2024 (МИА) – Во периодот од 23 до 31 август 2024 година во Охрид ќе се организира второто издание на големата промотивно-спортска манифестација „Ohrid Water Festival“.

Целта на фестивалот е популаризација на водените спортови на Охридското Езеро и промоција на уникатните потенцијали со кои располага Охрид како најголем туристички центар во земјава. 

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, ја најави манифестацијата презентирајќи ја деталната програма, то предвидува дваесеттина содржини, за кои изрази уверување дека ќе донесат незаборавно доживување за учесниците и ќе го привлечат вниманието на публиката. 

Покрај веќе востановените натпревари и активности, круна на целата манифестација ќе биде Охридскиот пливачки маратон закажан за 31 август.

Повеќе информации за програмата на официјалната веб-страница на фестивалот: www.ohridwaterfestival.mk аб/дма/

фото: МИА

Остани поврзан