• среда, 15 мај 2024

„Diversus“ - прва изложба на Ана В’чкова и Вања Кашавелска во МКЦ

„Diversus“ - прва изложба на Ана В’чкова и Вања Кашавелска во МКЦ

Скопје, 16 декември 2023 (МИА) - Прва изложба на Ана В’чкова и Вања Кашавелска, насловена „Diversus“ (Различност), ќе биде отворена вечерва во МКЦ, со почеток во 20 часот.

- „Diversus“ e воспевање на женската поетика, еден уметнички експеримент за она што навистина претставува – да се биде жена. Делата на сликарките Ана В’чкова и Вања Кашавелска претставуваат своевиден интерпретативен коментари на темата за женското тело и женската сексуалност. Главната цел на делата е да ја нагласат автентичноста на чистата женственост и да дадат автопоетички коментар на она што претставува феминистички сензибилитет, објаснуваат организаторите на изложбата.

Ана В’чкова е дипломирана визуелна уметница при Факултетот за Ликовни уметности УКИМ во Скопје на отсекот сликарство – модул сценографија.

Вања Кашавелска е дипломирана сликарка при Факултетот за Ликовни уметности во Скопје на отсек сликарство.

Изложбата е поддржана од Министерството за Култура на Република Северна Македонија. ир

 

Фото: Плакат

Остани поврзан