• четврток, 23 мај 2024

„Соработката на локалната самоуправа со Народниот праобранител и придобивките од децентрализацијата за граѓаните“ - работилница во Штип

„Соработката на локалната самоуправа со Народниот праобранител и придобивките од децентрализацијата за граѓаните“ - работилница во Штип

Штип, 13 септември 2023 (МИА) - „Соработката на локалната самоуправа со Народниот праобранител и придобивките од децентрализацијата за граѓаните“, е насловена работилницата што денеска ќе се одржи во просториите на Општина Штип. 

Работилницата е во организација на канцеларијата на Народниот правобранител и е дел од ИПА проектот „Владеење на правото“, а ќе ја отворат, како што е најавено, народниот правобранител Насер Зибери, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалникот на Општината Штип Иван Јорданов.

На темите ќе говорат градоначалниците на Општините Свети Николе, Дејан Владев и на Пробиштип, Драган Анастасов. За работата на Народниот правобранител, на локално ниво, ќе зборува заменик-народниот правобранител Јован Андоновски, а во дискусијата ќе се вклучат и претставници на невладиниот сектор. цр/са/

Фото:МИА

Остани поврзан