Во Дебар реализирана првата фаза од планираната дезинсекција и дератизација
- Општина Дебар информираше дека успешно е завршена првата фаза од дезинсекцијата против комарци и дератизацијата против глодари на подрачјето на општината.
Дебар, 23 мај 2024 (МИА) - Општина Дебар информираше дека успешно е завршена првата фаза од дезинсекцијата против комарци и дератизацијата против глодари на подрачјето на општината.
-Во текот на ноќта и денеска успешно ја завршивме првата фаза од дезинсекцијата и дератизацијата на подрачјето на општината. Тоа е во рамки на годишната програма за заштита на населението од заразни болести, контрола на инсекти и штетни животни во различни средини како згради, деловни и други средини, шахти, стои во објавата на општина Дебар.
Се додава дека овие активности се насочени кон „спречување на штети и здравствени ризици, како и одржување на хигиената и безбедноста во средината каде што живееме и работиме“.
-Дезинсекцијата за уништување на комарци беше извршена теренски (од земја) со апарат за УЛВ ладно запрашување. Опфатени беа зелените површини во општината, крајбрежјето на Дебарското Езеро, депониите и пограничниот појас, урбаната населба Дебар, како и останати локалитети предвидени со планот и програмата, наведуваат од општината.
Според истиот извор, успешно е реализирана и првата фаза на дератизација (третман против стаорци) во градот, заради заштита од разни заразни и паразитски заболувања, што ги пренесуваат глодарите.
Ваквите активности во општината се реализираат редовно секоја година, врз основа на одлука на Советот на општината. вт/вј/
Фото: Општина Дебар