• понеделник, 23 декември 2024

Честитка од Левица по повод Националниот ден на влашката заедница

Честитка од Левица по повод Националниот ден на влашката заедница

Скопје, 23 мај 2024 

Политичката партија Левица испраќа искрени честитки кон Влашката заедница по повод Националниот ден на Власите!

Овој значаен ден претставува можност да ја славиме богатата историја, како и придонесот на Влашката заедница во борбата за самостојна и суверена Република Македонија.

Власите се неразделен дел од мултикултурниот мозаик на Македонија и нивната уникатна културна традиција е од големо значење за нашето општество. Вашиот јазик, обичаи и традиции се дел од нашето заедничко наследство и сведочат за богатството и разновидноста на Македонија. Левица се залага за братство и единство помеѓу сите етнички заедници, вклучувајќи ја и влашката заедница, во духот на солидарноста и меѓусебното почитување.

Честит Национален ден на влашката заедница!

TI MULTSA ANJ DZUA 23 DI MAI, DZUA NATSIONALÂ A ARMÂNJLOR!

Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ПП Левица

 

Остани поврзан