• сабота, 18 мај 2024

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди

Скопје, 2 декември 2023 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер над 60 километри на час од јужен правец, што ќе услови понатамошно топење на снежната покривка на планините, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и релативно топло. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 18 степени.

Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд. Ветерот ќе го промени правецот во северен и ќе засилува, а од понеделник температурите ќе опаднат. дма/са/

Фото:МИА архива

Остани поврзан