• сабота, 06 декември 2025

Облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта повремен локален дожд

Облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта повремен локален дожд

Скопје, 23 октомври 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.

УХМР информира дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. В петок и понеделник врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи, а в понеделник наместа и пообилни. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец кој ќе надминува брзина од 70 километри на час. мд/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан