• понеделник, 23 декември 2024

Делови од неколку скопски општини без струја

Делови од неколку скопски општини без струја

Скопје, 10 мај 2023 (МИА) - Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Кисела Вода, Аеродром, Сарај, Ѓорче Петров и Сарај, соопштуваат од РЦУК - Скопје.

Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без напојување со електична енергија ќе бидат корисниците од објектот на „АДОРА Флет Ајрон“ лоциран на ул. „Борис Трајковски“, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 10:00 часот без струја ќе останат корисниците ул.„Горно Лисиче“ лоцирани спроти објектот на основното училиште, во Општина Аеродром.

Во периодот од 09:00 до 12:00 часот струја ќе немаат корисниците од селата Радуша, Орашје и Дворце, како и објектите на космофон Рашче, космофон Радуша и караула Радуша, Општина Сарај.

Од 09:30 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од објектите лоцирани околу паркингот на АРМ до кружниот тек во населбата Влае, гостилница Убац, како и објектите лоцирани на калдрмата до новата зграда, Општина Ѓорче Петров. 

Без напојување со електична енергија од 13:00 до 15:00 часот ќе бидат и корисниците од селата Горно и Долно Свиларе, Општина Сарај.фф/са/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан