• вторник, 26 ноември 2024

Дожд и грмежи, потопло од понеделник

Дожд и грмежи, потопло од понеделник

Скопје, 16 јуни 2023 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, засилен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

- Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 23 степени, се наведува во соопштението на УХМР.

За време на викендот, врнежите ќе бидат локални и проследени со ретки грмежи, а ќе дува и засилен северен ветер. Од понеделник времето ќе биде стабилно и потопло. бд/са/

Фото: МИА

Остани поврзан