• петок, 22 ноември 2024

Во Велес јубилејна изложба „70 години од смртта на Димитар Андонов Папрадишки“

Во Велес јубилејна изложба „70 години од смртта на Димитар Андонов Папрадишки“

Велес, 7 ноември 2024 (МИА) - Вечер во 19 часот во Ликовниот салон во Велес ќе биде отворена јубилејна изожба „70 години од смртта на Димитар Андонов Папрадишки“. Изложбата е во рамките на програмата на 9 Ноември - Ден на ослободување на Велес и Ден на општината.

На изложбата ќе бидат представени икони од цркви во велешко и 20 профани дела од Националната галерија, информираат од Народниот музеј.

Проектот е прифатен од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија како дел од Годишната програма за остварување на проекти од национален интерес во културата за 2024 година,  на визуелните уметности, архитектурата дизајнот за 2024 година.

Проектот се реализира во организација на Народниот музеј, а во соработка со Националната галерија и поддршка од Општина Велес.

Иконописното и профано сликарство се значаен сегмент од творештвото на Папрадишки, тој е  еден од последните зографи и првиот македонски профан сликар кој кон крајот на 19 век го направи историскиот пресврт во македонското сликарство, поврзувајќи ги последните нишки од религиозното сликарство со првите обиди на профано сликарство.

Тој бил зограф и сликар кој го користел платното  и маслените бои за да ги забележи за вечноста портретните ликови на неговите современици, како и на неговите најблиски користејќи ја и фотографијата како работна подлошка.  Тој е преставник на реализмот, на кого секако влијание имало неговото школување во Русија, како и литографии и репродукции од западноевропско потекло. Папрадишки во областа на црковното и профаното сликарство остварил богат фонд трајни остварувања ширум Македонија и пошироко, во Србија и Бугарија. ад/са/

Фото:Плакат

 

 

Остани поврзан