• петок, 05 декември 2025

Одбележување на Денот на Командата за операции на Армијата

Одбележување на Денот на Командата за операции на Армијата

Скопје, 17 октомври 2025 (МИА) - Припадниците на Командата за операции (КО) денеска со воена свеченост во касарната „Боро Менков“- Куманово, ќе го одбележат денот на единицата.

На свеченоста ќе се обратат министерот за одбрана Владо Мисајловски, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и командантот на КО, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.

За ден на Командата за операции е определен 17 октомври, како еден од значајните историски настани врз кои се темелат традициите на Армијата, кога во 1887 година во селото Кресна е формиран штабот на Кресненското востание, што е воедно и ден кога е кренато востанието. лв/нд/

фото: МИА архива 

Остани поврзан