Во Битола ќе биде отворена соба за работа со деца во рамки на полициските реформи
- Во Битола денеска ќе биде пуштена во употреба соба за работа со деца во рамки на програмата „Шведска поддршка на полициските реформи во Северна Македонија“.
Битола, 20 ноември 2025 (МИА) - Во Битола денеска ќе биде пуштена во употреба соба за работа со деца во рамки на програмата „Шведска поддршка на полициските реформи во Северна Македонија“.
На настанот ќе присуствуваат заменик министерот за внатрешни работи Астрит Исени, амбасадорот на Шведска во државава Ола Солнстром и Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, најави Министерството за внатрешни работи. лв/бак/
фото: МИА архива