• вторник, 02 јули 2024

Навивачи без маски втрчаа на терен за време на натпреварот Азербејџан - Португалија и се фотографираа со Фернандеш

Навивачи без маски втрчаа на терен за време на натпреварот Азербејџан - Португалија и се фотографираа со Фернандеш
Баку, 7 септември 2021 (МИА) - Репрезентацијата на Португалија вечерва го совлада Азербејџан на гости (3:0) во квалификациите за СП 2022 година. Во 87. минута, тројца гледачи истрчаа на теренот и го прегрнаа играчот од средниот ред на гостите, Бруно Фернандеш, а потоа почнаа да се фотографираат со него. Десет секунди подоцна уште еден навивач влезе на теренот и се упати кон првите тројца, се лизна и падна, а потоа стана и исто така учествуваше во фотосесијата. По неколку секунди, Бруно се обиде да им се оддалечи, но тие продолжија да го опкружуваат фудбалерот, правејќи селфи. Потоа тројца од нив се вратија на трибините, а еден застана да се фотографира со азербејџански фудбалер. За цело време на инцидентот, редари не се појавија на теренот. Исто така, треба да се напомни дека двајца навивачи не носеа маски. зс/

Остани поврзан